Државата на сите им дава можност нивите да ги дадат во „банката за земјиште“. На ваков начин е планирано да се окрупнат земјоделските парцели, а за возврат сопствениците може да добиваат кирија или да добијат парцела на друго место. Во Министерството за земјоделство велат дека на ваков начин ќе може да се обработи секоја педа земја и да им се даде на тие што се заинтересирани да го земат земјоделското земјиште. Оваа новина е предвидена со измените на законот за земјоделско земјиште, кои се во собраниска процедура. Предавањето на земјиштето е на доброволна база. Преку обуки прво ќе се едуцираат земјоделците како да разменуваат и да окрупнуваат земјоделски површини, а потоа преку имплементација на проектите ќе се реализира процесот на комасација.
Државата на сите им дава можност нивите да ги дадат во „банката за земјиште“.
На ваков начин е планирано да се окрупнат земјоделските парцели, а за возврат сопствениците може да добиваат кирија или да добијат парцела на друго место. Во Министерството за земјоделство велат дека на ваков начин ќе може да се обработи секоја педа земја и да им се даде на тие што се заинтересирани да го земат земјоделското земјиште. Оваа новина е предвидена со измените на законот за земјоделско земјиште, кои се во собраниска процедура.
Предавањето на земјиштето е на доброволна база. Преку обуки прво ќе се едуцираат земјоделците како да разменуваат и да окрупнуваат земјоделски површини, а потоа преку имплементација на проектите ќе се реализира процесот на комасација.
- Планирано е и формирање банка на земјиште, во која сопствениците што не го обработуваат земјиштето ќе можат да го депонираат, а потоа таа земја ќе биде дадена под наем. Новововедената политика за консолидација на земјоделското земјиште е во насока на ублажување до постепено надминување на неповолната структура на земјоделското земјиште како основен ресурс за земјоделско производство заради зголемување на конкурентноста - објаснуваат во Министерството за земјоделство.
Во земјоделските здруженија велат дека законот е одлична можност да се види колку од земјата во државава е необработена. Според официјалните бројки, има 521.000 хектари обработлива површина. Меѓу нив најмногу на цена се ораниците и бавчите, на кои отпаѓаат 420.000 хектари. Половина од тоа е земја што е приватна сопственост. Од неа големи површини се необработени.
- Kреирање дата-база за вкупното земјоделско земјиште што е приватна сопственост ќе овозможи увид колку од површините не се обработуваат, како и воведување нови услови при размената на државното земјоделско земјиште со земјиштето што е приватна сопственост. Новина е и прибележувањето на договорот за користење на земјиштето во Kатастарот на недвижности по службена должност, а не како досега, по барање на закупецот - велат во Министерството за земјоделство.
Според нив, измените на Законот се носат, пред с`, за да им се излезе во пресрет на барањата на земјоделците, но и за негова поголема применливост и ефикасност, а целта е да се овозможи обработување на што повеќе површини.
- Еден од елементите што треба да се воведе во законот за окрупнување на земјиштето е токму базата на податоци за вкупните површини во приватна сопственост, колку од нив се обработуваат, а колку не. Така ќе можеме на сопствениците што не го обработуваат земјиштето да им понудиме услуга за да го даваат под закуп - вели Љупчо Димовски, министер за земјоделство.
Земјоделците велат дека конечно ќе се стави ред и во овој сегмент.
- Има приватна земја што не се обработува со години. Голем дел од сопствениците се надвор од државава со децении и земјата не ја издаваат никому. Добро е што конечно ќе се направи катастар да се види колку има приватна земја и на сопствениците да им се даде можност истата ја издадат - вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија.
Според него, кај нас проблем е сопственоста. Најголем дел од нивите имаат по неколку сопственици. Kај поголем дел не се поведени дури ни оставински постапки.
Обработливи 509.000 хектари
Во Македонија просекот на земјоделска површина, која ја обработуваат земјоделците е 1,6 хектар, а европскиот просек е околу 20 хектари. Земјоделци со најголема продуктивност во просек имаат над 50 хектари земјоделско земјиште за обработка, велат анализите на Факултетот за земјоделство и храна.
Според статистичките податоци, земјава располага со 509.000 хектари обработливо земјиште од вкупно милион хектари земјоделско земјиште. Според последните статистички податоци во 2011 година во Македонија имало 137.000 хектари необработена земја. Ако само на половина од неа би се просеала пченица со просечен принос од 3 тона по хектар, би се добиле 210.000 тони или Македонија увозот на пченица би го оставила во минатото.